Thursday, August 13, 2015

со своето БМВ во море.. жена (видео)

Жена со автомобил  влетала среде плажа на Халкидики во Грција и заврила во морето. Според информациите, во несреќата нема повредени, а причинета е само материјална штета, а возачот поминал со неколку гребнатинки. 
Жената од непознати причини загубила контрола врз луксузното БМВ излетала на плажата и завршила во морето.
Погледнето го видеото 



Sunday, August 2, 2015

Сообраќајна незгода кај Ченто - повредено дете со мотор

Денес 02.08.2015 на улица Антон Попов во населбата Ченто се случи сообраќајна незгода помеѓу кола (југо) и мотор. Засега се знае дека момчето кое управувало со мотор е здобиено со повреди на главата и е во градска болница - Скопје.

дознава triger.mk

Охрид загрозен од туристи !!

Фотографијата која деновиве се рашири по социјалните мрежи говори за тоа како туристите го загорозуваат нашиот Охрид. На сликата можете да видете како мајката го држи својот син додека тој си "мочка" во охридското езеро.

Saturday, August 1, 2015

ОД ДЕНЕС, НОВ НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП !!!

 Од денеска почнува тест периодот за имплементација на два нови система во јавниот градски превоз во Скопје  – за автоматска локација на возила и системот за електронска наплата во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Нив денеска ги промовираа скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорот на ЈСП „Скопје“ Игор Јанушев.
– Денеска ќе почнат да се користат електронски картички за возење во автобусите на ЈСП „Скопје“, кои ќе овозможат граѓаните полесно и побрзо да влегуваат во автобусите, а ќе се зголеми и протокот на патници, рече Трајановски и потсети дека Град Скопје распиша тендер за електронска наплата на превозот и за атоматска локација на автобусите. Вкупната вредност на оваа инвестиција е околу 3 милиони евра, обезбедени од буџетот на Град Скопје.
Електронската наплата понатаму ќе важи и за приватните превозници.
– Оваа електронска картичка се воведува во еден пробен период, а ќе функционира истовремено стариот и новиот систем. Од 1 јануари 2016 година ќе функционира само новиот систем. Од јуни следната година ќе почне наплата и во приватните автобуси. Наплатата ќе биде по поминат километар, а патниците нема да имаат проблем дали ќе се возат во приватен или автобус на ЈСП „Скопје“, рече Трајановски и апелираше граѓаните што побрзо и на време да ги извадат електронските картички за да нема турканици на пунктовите каде ќе се вадат.
Трајановски и директорот Јанушев присуствуваа на презентацијата на постапката за издавање на персонализираните картички, кои ќе чинат по  200 денари.
– Целата процедура трае една или две минути. Многу брзо, на местото се фотографира барателот на картичката и таа се изработува веднаш потоа. Ќе има осум локации во Скопје, а шест почнуваат да функционирата од денеска, односно од вторник. Остантите две се доработуваат и за неколлку дена ќе бидат отворени, рече Јанушев и додаде оти се подготвени за воведувањето на системот.
Јанушев додаде дека тест-периодот почнува еден месец порано за да може да се издадат што е можно повеќе картички, пред се на возрасната категорија на граѓани, пензионерите.
– Во комуникација со Здружението на пензионери на Град Скопје од наредната недела почнуваме со изработка на картички за нив, за да може од септември да почне изработката на картички за учениците, за основно и средно, рече Јанушев.
Од 1 јануари, од кога ќе функционираат само електронските картички, ќе може купување на единечен билет од возачот со фискална сметка.
Исто така, подготвен е и системот за автоматска локација на возилата на ЈСП, со која ќе се  овозможи секој од автобусите да биде лоциран во секое време, од почетната до крајната станица.
– На секоја автобуска станица на соодветната линија ќе има сигнална ламба која ќе свети зелено или црвено, во зависност од тоа дали автобусот на станицата пристигнал на време или доцни. Со тоа ќе се овозможи автобисите да доѓаат точно на време на соодветните автобуски станици. Ќе се овозможи во случај на одредени проблеми, да може веднаш да се реагира, рече Трајановски.

Thursday, July 23, 2015

Самоубиство во Волково (Скопје) - Момче се фрли под воз

Вечерва на пругата што ги дели населбите Волково и Ново Село се случила несреќа во која очевидци велат дека момче се фрлило под возот.

Иако многупати пишувавме за тоа дека безбедносните рампи на овој премин не функционираат како што треба, сепак никој не се погрижи и не презема никакви мерки за да се реши овој проблем.

Луѓето кои ги сретнавме таму претпоставуваат дека станува збор за самоубиство, бидејќи момчето се обидело да ја премине пругата токму во моментот кога возот минувал преку улицата.
Полицијата е на местото на несреќата и моментално врши увид.

SASA KOVACEVIC - del od nastapot za pivofest 2015

Uste edna spektakularna manifestacija vo prilep, prosledena so vrvni pejaci megu koj i najbaraniot i najsakaniot megu ponezniot pol - SASA KOVACEVIC ...poglednete del od negoviot nastap tokmu za pivofestot vo prilep ovaa godina